Во неделата египетски официјални претставници заедно со францускиот археолог Ален Зивие ја отвориле гробницата на Маја за новинарите, за следниот месец истата да биде отворена и за пошироката јавност.

Археолог смета дека Маја, доилката на фараонот Тутанкамон, можеби всушност била неговата сестра Меритатон, обновувајќи ги шпекулациите за идентитетот на мајката намомчето крал. ДНК тестовите докажаа дека фараонот Ехнатон бил таткото на Тутанкамон, но идентитетот на неговата мајка долго време е мистерија.

tk

Гробницата била откриена од страна на египтологот Зивие во 1996 година во Сакара, некропола на околу 20 километри јужно од Каиро. Маја била доилка на Тутанкамон, чијашто мумија беше најдена во 1922 година од страна на познатиот британски египтолог Хауард Картер, во Долината на Кралевите во Луксор, заедно ризница од илјадници други предмети.

„Маја не е никој друг туку принцезата Меритатон, сестра или полусестра на Тутанкамон и ќерка на Ехнатон и Нефертити“, изјави Зивие. Тој вели дека до овој заклучок дошол врз основа на резбите на ѕидовите на гробницата на Маја кои ги претставуваат Тутанкамон и Маја. „Вонредното нешто е тоа што тие многу си личат. Ја имаат истата брада, истите очи, истите семејни црти“, вели тој.

Резбите ја прикажуваат Маја како седи на кралски трон, а тој ѝ седи в скут. Слични резби биле најдени во гробницата на Ехнатон на археолошкиот локалитет Тел елАмарна, во денешната провинција Миниа, кадешто бил главниот град на фараонот. ДНК анализите од 2010 година откриле дека Тутанкамон бил син на Ехнатон, кој привремено го преобратил древен Египет, наметнувајќи го култот кон богот-сонце Атон. Гробницата на Ехнатон има разби кои ја прикажуваат смртта на принцезата Мекетатен – втората ќерка на Ехнатон и Нефертити.

„Во тие сцени има жена којашто дои бебе, и оваа жена прикажана како доилка е принцезата Меритатон, најстарата ќерка на Ехнатон“, вели францускиот археолог.

Мумијата на Меритатон сѐ уште не била најдена, но министерот за антиквитети Мамдух ал Дамати во неделата кажа дека таа би можела да се наоѓа во тајна комора на гробницата на Тутанкамон. Археолозите во моментот ја пребаруваат гробницата на Тутанкамон во Долината на кралевите, откако британскиот археолог Николас Ривс тврдеше дека во неа има скриена комора.

Ривс вели дека комората би можела да биде погребното место на Нефертити, чијашто мумија исто така не е најдена.

„Сите овие можности се отворени. Чекор по чекор ќе можеме подобро да го разбираме времето на кралот Тутанкамон“, изјави Дамати.

Тутанкамон умрел во 1324 г. пред повеќе од 3000 години на возраст од деветнаесет години, по деветгодишно владеење.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено