94-годишниот Херберт Делејгл од Џорџија се запознал со 88-годишната Мерлин Френсис Делејгл се запознале во далечната 1947 година.

Мерлин работела како келнерка во кафуле, а Херберт бил чест гост таму. Тој за едно интервју изјавил дека постојано ја гледал како влегува и излегува од кафулето и не можел да собере храброст да ја покани да излезат.

Кога конечно собрал храброст да ја праша Мерлин прифатила и нивниот прв состанок бил во киното. По една година врска, во 1948 година тој ја запросил и нивната долга приказна започнала.

Мерлин дури поминала 6 години со својот сопруг во Германија додека тој служел таму за време на Втората светска војна.

Тој повторно служел во Кореја и Виетнам пред да се повлече од Армијата по 22 години стаж. Тие секогаш велеле дека ќе се сакаат до последниот здив и нивното романтично предвидување станало вистина.

По 71 година од брак починале во ист ден, со разлика од скоро 12 часа. Хњрберт починал во 02:20 часот наутро, а неговата сопруга 12 часа подоцна. Тие зад себе оставиле 6 деца, вкупно 16 внуци, 25 правнуци, па дури и три пра-правнуци.

Сподели на Facebook
пати видено