Во самопослугата нема вработен човек. Влегуваш сам со помош на мобилниот телефон, пазариш, и дури откако ќе платиш сѐ, вратата сама ти се отвора.

Во кинескиот град Нинбо, се поставени повеќе вакви необични мини-самопослуги. Главната идеја на овие мини продавници е тоа што функционира без продавач и целиот процес на купување го прави купувачот сам. Кинезите така паметно ги смислиле што е невозможно да се украде од нив. За да ја отворите вратата, прво мора да го скенирате QR кодот на вратата со помош на вашиот паметен телефон, а потоа го внесувате СМС кодот што ќе ви стигне и ве пушта да влезете.

Внатре можете да видите храна, пијалоци, па дури и некои предмети за домаќинството.

Кога ќе го внесете кодот од СМС пораката, вратата ќе се отвори, но автоматски се затвора зад вас. Внатре смее да влезе само една личност, иако не сите купувачи ја следат оваа инструкција. Внатре има многу камери, скенери и специјална каса за плаќање за производите.

Сами си ги ставате производите на касата.

Плаќате за купеното со помош на Alipay или Wichata.

Кога плаќањето ќе беше успешно, ќе видите натпис дека вратата ќе се отвори за 5,4,3… секунди. Слични мини-самопослуги се инсталираат во близина на хотели, разни деловни центри и на централните улици на градот.

Сподели на Facebook
пати видено