Еден селанец морал да оди во градот по работа на десетина дена. Отишол кај првиот комшија и му рекол:
– Комшија, јас нема да бидам дома наредните 10 дена и имам една молба до тебе. Ако непознат маж влезе во мојата куќа, само отиди до мојата ограда и откачи една штица. Само тоа го барам од тебе.
Комшијата се согласил. Се враќа по 10 дена мажот дома. Ја гледа оградата цела и радосен влегува дома.
„Значи жена ми била верна“ – си помислил тој.
– Женичко, како си? Се ли беше во ред додека ме немаше?
– Сè си беше супер, само комшијата нешто забега, па 3 пати ни ја расипуваше оградата и јас морав да ја ковам.

Сподели на Facebook
пати видено