Младиот брачен пар, сефот полн со кеш, нови детали

Би сакал да откријам дека приказната за младиот пар кој открил 50.000 долари во сеф во кујна всушност е измама. Тоа се случи од повеќе причини. Мојот брат Лео и јас сме познати по тоа што на јавноста и подметнавме неколку познати лажни стории, како таа дека Доналд Трамп ќе го продава Бруклинскиот мост. Потоа, медиумите од целата земја прогласија дека не би можеле да изведеме уште една таква измама. Па и не беа толку многу далеку од вистината, бидејќи поминаа цели пет години без воопшто и да се обидам такво нешто.

Наместо тоа, го искористивме тоа што го научивме за тоа како една вест станува вирална и ја пренаменивме техниката во добротворни цели. Тоа е многу поблагородно. Но сепак, никогаш не ја губите потребата за малку мајтап и провокација.

sef01

Потоа се случи една случајна потреба за реконструкција во мојата нова куќа, Претходниот сопственик инсталирал сеф во ѕидот и сакав да го исфрлам. Мојот главен агент за недвижнини ме посоветува да го зачувам. Си реков, секако, зошто да не. Го замолив да го скрие во кујнскиот под, кадешто потоа ќе можам да си ги кријам своите стрипови. Но, штом го видов така, полувграден, веднаш ми засветли сијаличката. Осумгодишникот во мене се сети како Џералдо Ривера ја отвора ризницата на Ал Капоне и многу посака внатре да има нешто, било што во тоа чудо.

sef02

Деталите:

Готовината – Мојот извршен асистент, Ани Илајас неколку дена им досадуваше на банкарските службеници низ Аустин барајќи стари банкноти од сто долари, како и банкноти од по два и пет долари. Таа заврши извонредна работа. Во купчето зад стоте долари всушност имаше многу стари банкноти од по еден долар. Најстариот трик во светот, знам, но се уште врши работа.

sef03

Бурбонот – Џејмс Е. Пепер бурбонот западна во тешки времиња и излезе од бизнисот во 1958 година. Мојот чичко Ед купил шише од 1954 година во раните седумдесетти. Минатата година ми го даде како подарок. Историјата на Пепер е фасцинантна. Овае едно од последните останати шишиња од таа ера на неговото постоење.

Книгата – Доколку барате реткости и антиквитети, ви ги препорачувам „Uncommon Objects“, Најдовме стари фотографии на Винсент и имотот со тоа дрво, како и училишните картички и „Водич за збунетите“, токму таму.

Бинго картичката – Едноставно уживам да играм бинго и сакав да вметнам стара бинго картичка некаде во приказната.

Многу се забавував гледајќи како приказната кружи низ светот, од AOL до Yahoo, како и додека ги читав теориите на заговор дека ова можеби е маркетиншка кампња за Џемс Е. Пепер бурбонот или можеби за Туристичката агенција на Аризона.

Но можеби би било најдобро да се разоткрие ова нешто за да се спречат ловците по богатства да надојдат во Меса, Аризона и да бараат дрво со три стебла коешто дури и не постои. Дури и локалните вести во Феникс објавуваат приказни за ова.

sef05

Ова беше уникатен мал трик и ние многу се забавуавме во неговото осмислување, па сега можеме пак да се препуштиме во пет години хибернација, но не пред да најдеме дом за сета таа готовина, вкупно околу 1000 долари, како и да зачуваме по една банкнота од по пет и два долари, сувенири за мене и за Ани. Е тоа не се 50 илјади долари, но секоја помош е добредојдена за да се купи повеќе храна за кучиња и мачки во нашето омилено засолниште кадешто животните не се убиваат, Austin Pets Alive.

Беше многу забавно да се гледаат лицата на волонтерите кога почнав да го вадам сиот тој кеш, речиси сум убеден дека си помислиле дека јас и Ани сме испразниле некој сеф.

Како и да е, навистина беа благодарни за тоа.

sef06

Сподели на Facebook
пати видено