Постариот брат на сириското момче чијашто слика се појави на ТВ екраните ширум светот почина во болница како последица на повредите здобиени од бомбардирањето. Вознемирувачките слики со петгодишниот Омран Дагнеш како седи во амбулантната кола облеан во крв и прав шокираше милиони луѓе, но младото дете се соочува со уште поголема трагедија.
Неговиот брат, 10-годишниот брат Али, им подлегнал на повредите здобиени од воздушниот напад кој уништил поголем дел од нивното соседство во сирискиот град Алепо. Детето се наоѓало на улица кога бомба на руските или сириските сили паднала и, и покрај тоа што било однесено во болница, момчето никогаш не успеало да закрепне од повредите. Се верува дека додека неговото семејство успеало да се засолни , тој останал изложен на нападот.
Шокантните слики од разорувањето во соседството на Омран и Али – кое е дел од територијата која е под контрола на бунтовниците – најдиректно покажуваат како изгледа да си фатен среде смртоносен напад. Сириската опсерваторија за човечки права прценува дека во последните пет години за време на судирите во земјата загинале над 50 000 деца.