Менувачницата се наоѓа на најпосетуваниот плоштад во Прага, постои со години и наместо 27 круни за 1 евро, дава само 15. Тие си работат легално, затоа што јасно ја напишале својата цена, но и дечково не прави ништо нелегално што им кажува на туристите дека недалеку од таму има друга менувачница која ќе им даде речиси двојно повеќе пари.