25-годишниот Рајан Дејвидсон питачел на улиците на Њукасл. Рајан му порабал на 40-годишниот бизнисмен Џејмс Мин ситни пари. Наместо да му ги даде парите и да си продолжи, Џејмс кој тогаш славел 15 години брак со неговата сопруга и двајца пријатели одлучил малку да поразговара со младото момче.

Откако дознал дека Рајан нема работа веќе 3 години, му понудил работа како работник во неговата фирма за бојадисување, со полно работно време.

Тие се договориле да почне од понеделник, но Рајан се разочарал кога пратил автомобил по Џејмс, а тој не бил на договореното место. Сепак подоцна Џејмс се појавил велејќи дека морал да оди на итен состанок во социјално, а немал кредит на телефонот за да го извести Рајан.

Бизнисменот вели дека ја направил вистинската одлука и Џејмс работи напорно за да си ги заработи парите. „Ја добива паузата што ја заслужува. Не ми пречи неговото минато. Само сакам да се движи напред. Отсекогаш сум бил заинтересиран за тоа како луѓето завршуваат во таа ситуација. Само што почнав да разговарам со него и тој изгледаше како навистина добро момче. Го прашав:’Ако некој ви понуди работа, дали би ја прифатиле?’ Тој рече: ‘1.000 проценти би ја прифатил’, па му го понудив работа. Не е само работата. Неверојатно е што друго може да дојде од неа.“, вели Рајан.

Рајан од Њукасл вели: „Се чувствувам толку среќно. Пред неколку дена седев на улиците, обидувајќи се да заработам доволно пари за да купам нешто да јадам, а сега имам работа и барам стан. Тоа беше апсолутно неверојатно. Направи да се чувствувам добредојден.“

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено