Неодамна, познатата марка женска облека Missguided организираше кампања за рекламирање на телото со хаштагови #KeepOnBeingYou и #InYourOwnSkin, за која ангажираше 6 модели, чијшто изглед не се вклопува во општоприфатените стандарди.

Секоја од овие девојки има свои карактеристики, кои, спротивно на сите стереотипи, не ги спречиле да успеат.

Запознајте се: ова се Маја, Џоан, Бет, Мариана, Поли и Изабела.

Поли Еленс

Можеби веќе сте ја виделе оваа црвенокоса убавица. Поли ја започна својата кариера како модел пред неколку години, и оттогаш нејзината популарност расте. Кога била мала Поли се обидувала да ги покрие пегите со разни средства, но набрзо сфатила дека повеќе не сака да го прави тоа.

Мариана Мендес

24-годишниот модел и моден дизајнер од Бразил се сака себеси каква што е и ние можеме нешто да учиме од неа. Таа била родена со голем црн белег на лицето и нејзината мајка се обратила кај лекарите за опарација, но обидите биле неуспешни.

Мариана сепак ова не го сфатила како нејзин „недостаток“ и покрај навредите кои што ги добивала таа останала самоуверена и успеала во својата цел.

Изабела Фернандез

Изабела е студент на универзитет, која на 17 годишна возраст добила изгореници за време на пожарот во нејзиниот дом. Овој ужасен инцидент ѝ оставил лузни, но девојчето научило да не биде срамежливо, а во тоа многу ѝ помогнала фотографијата.

Маја Спенсер-Беркли

20-годишната Маја боледува од булозна епидермолиза, ретка генетска болест во која се појавуваат болни плускавци и чиреви од најмало триење (на пример, кога се во контакт со облека). За Маја, учеството во рекламната кампања е можност да им каже на луѓето кои што имаат ист проблем како нејзиниот, дека и покрај сите надворешни недостатоци, мора да го третираат со почит и љубов своето тело.

Бет Брис

За студентката Бет ова била првата фотосесија. Претставниците од брендот ја пронашле девојката и ја замолиле да стане нивниот модел. Бет се согласила, иако таа била изненадена од овој предлог, бидејќи секогаш се обидувала да ја скрие кожата поради псоријаза. Учеството во овој настан ѝ помогна Бет да се прифати каква што е и да се чувствува посамоуверено.

Џоан Дион

За необичниот изглед на Џоан е одговорен албинизамот. Девојката има 21 година, а наскоро ќе стане сметководител, комбинирајќи ги студиите и работата со моделот од плус-големина.

Според Џоан, убавината е нешто повеќе од надворешниот и внатрешниот свет на личноста, тоа е исто така она што личноста го носи кон надворешниот свет, начинот на кој таа се претставува и каква иднина гледа за себе.

Сподели на Facebook
пати видено