Михаел Шумахер си ја поврати свеста по третманот со матични клетки и доби посета од поранешниот шеф на Ферари, Џин Тодт во болницата во Париз.

Седумкратниот шампион во Формула 1 бил виден вчера со претседателот на ФИА, Тод, откако во понеделникот бил примен во болницата.

Се смета дека Шумахер (50) добил трансфузија на матични клетки кои го намалуваат воспалението. Медицинска сестра која се грижи за него изјавила: „Да, тој е во мојата грижа … И можам да ве уверам дека е свесен“. Германецот, кој претрпе скоро фатална повреда на мозокот во скијачката несреќа во 2013 година на француските Алпи, се очекува да биде пуштен денес.

Тод поминал околу 45 минути со Шумахер пред да замине дискретно во вторникот попладне. Тод претходно бил во Шатре, присуствувал на погребот на тркачот во Ф2, Антоан Хуберт, по неговата трагична смрт во гран-при на Белгија на 30 август.

Навистина, Мик Шумахер, син на Михаел, и самиот возач на Ф2, исто така бил на погребот на Хуберт. Мик бил со својот татко во Мерибел кога несреќата се случила на 29 декември 2013 година.

Професорот Филип Менаше требал да го лекува Шумахер со инфузии на матични клетки“ кои се дизајнирани да создадат „системско антиинфламаторно дејство“. Тој бил однесен во кардиоваскуларна единица на првиот кат целосно покриен за да не му се гледа лицето и телото. Француски весник наведува дека околу десет безбедносни агенти, некои опремени со слушалки, го надгледувале пациентот.

Сподели на Facebook
пати видено