Повеќе од две децении, сопственик на мотел во Колорадо тајно набљудувал стотици, можеби и илјадници свои гости како водат љубов во нивните соби, а двете негови жени го поддржувале во тоа. Почнувајќи од зимата 1966 година, Џералд Фус, сопственикот на Манор Хаус Мотел во Аурора, Колорадо, опремил дваесеттина соби со лажни тавански вентилации, за да може скришно да ги гледа своите гости додека имаат секс.

vj01

Фус за првпат го контактирал новинарот Геј Талис во 1980 година кога му напишал писмо во кое го известил: „Во последните петнаесет години сексуално посведочив, набљудував и проучував од прва рака нелабораториски секс помеѓу љубовни парови, како и најразни други сексуални девијации.“

vj02

Фус се инспирирал да стапи во контакт со Талис откако слушнал за неговото истражување за сексот во Америка, кое го спровел од едниот, до другиот брег на САД. Новинарот планира во јуни да издаде книга наречена „Воајерскиот мотел“, но во меѓувреме објавил статија во Њујоркер за сопственикот на мотелот, татко на две деца, кој водел детални белешки за сѐ што ќе видел низ таванските вентилацискиотвори без никогаш да биде фатен на дело.

vj03

„Тоа е мојот живот – мојот таен живот“, вели Фус, кој сега живее во Денвер со неговата вота сопруга. „Мислам дека книгата ќе создаде вистинска ситуација, би можеле така да го наречеметоа. Не знам дали сум подготвен за такво нешто, да бидам искрен. Јас сум само една кутра душа.“

Тој го купил мотелот со 21 соба за да ја задоволи својата „несовладлива желба да ѕирка во животите на други луѓе.“ Фус вели дека и двете негови сопруги го поддржувале во сето тоа, и дека неговата прва жена Дона му помагала да ги направи правоаголните дупки на таваните. Отворите ги покрил со алуминиумски решетки кои личат како вентилациски отвори. Понекогаш и Дона му се придружувала за заедно да ги гледаат гостите во нивните интимни моменти, а понекогаш и тие самите имале сексуален однос додека гледале.

Во 1973 година Фус изготвил изештај „обидувајќи се да ги идентификува општествените трендови“, и забележал дека од 296 сексуални чинови на кои бил сведок, во 195 се работело за 195 бели хетеросексуалци коишто ја претпочитале мисионерската поза. Изброил вкупно 184 машки и 33 женски оргазми, а само три отсто од неговите гости не успеале да имаат секс.

Тој исто така ги категоризирал луѓето според нивниот сексуален нагон, заклучувајќи дека 62 отсто имале „умерено активен сексуален живот“, додека „12 отсто од неговите гости здраво се сексале“, а 22 отсто имале слаб сексуален нагон.

Неговата прва жена умрела во 1985 година, и тој потоа се преженил со Анита Кларк. Талис дури го посетил мотелот на Фус и му се придружил во гледањето на млад љубовен пар кој во Колорадо дошол на скијање и зимски одмор. „Видов како младите легнаа голи на креветот“, пишува Талис за Њујоркер. Фус се изнервирал кога Талис се наведнал поблиску за да види подобро како водат љубов и неговата вратоврска се провррела низ решетката, клатејќи се над главата на жената“.

vj04

Следното утро Фус му го дал на Талис својот „Дневник на воајерот“ кој се состои од уредно водени белешки за цели петнаесет години воајеризам. Читајќи ги белешките, Талис открил дека сопственикот на мотелот, покрај тоа што ги шпионирал сексуалните активности на своите гости, ги набљудувал и нивните тоалетни навики, бидејќи и во тоалетите поставил исти такви шпионски отвори.

vj05

Новинарот се шокирал кога прочитал дека Фус во своите белешки опишал и случај на убиство. „Мажот ја грабнал жената за врат и почнал да ја дави, сѐ додека таа не паднала на подот“, пишува Талис за Њујоркер. Фус навел дека следното утро слугинката ја нашла жената мртва, но тој никогаш не пријавил што видел. Од полицијата на Аурора не можеле да најдат никаков извештај за убиство во тоа време, а не постоел ниту никаков обдукциски извештај.

Сподели на Facebook
пати видено