Нормално е гостите во хотелите да сакаат голема соба. Но, патниците се собираат во еден хотел во Шубак, Јордан, токму поради тоа што има една и единствена просторија која е апсолутно мала. Толку мала што, всушност, сопственикот, Мухамед Ал Малахим, тврди дека е тоа најмалиот хотел во светот.

Официјално, тоа е всушност хотелот Eh’hausl во Амберг, Германија – кој мери само 16 метри квадратни, но Ал Малахим, секако, сака да истакне дека неговото сместување е многу мало. Исто така е многу чудесно, бидејќи хотелот всушност е стара „Фолксваген Буба“, која е ставена на купишта камења.

Внатре тој е опремен со рачно изработени везени чаршафи и перници. Гостите плаќаат околу 75 долари (40 јордански динари) за да останат во автомобилот, кој ги отвори своите врати во 2011 година заедно со блиската пештера која служи како „лоби“.

„Сакав да започнам проект кој ја подобрува ситуацијата и ќе го стави на туристичката мапа, бидејќи навистина се гледаат некои од најубавите предели во регионот“, изјавил 64-годишниот Мухамед за CNN.

Друг значаен мал хотел е Hotel Central and Cafe во Копенхаген, Данска, кој има само една двокреветна соба, плус мала бања со туш.

Сподели на Facebook
пати видено