Робокап, Чапи, Терминатор, и Јас, Роботот – направени се многу филмови кои поттикнуваат почит кон роботите, но и страв од нив. Но, веќе и научниците почнаа да предупредуваат за нешто што до неодамна беше само научна фантастика. Трејси Фалоус од Д Фјучр Лаборатори, која прави бизнис планови за иднината преку своите експерти истражувачи и консултанти, ги разгледувал проблемите кои ќе се појават откако сѐ повеќе и повеќе роботи ќе можат да се упторебуваат во индустриите, заменувајќи ја човечката работна рака.

rb01

Г-н Фалоус, чијашто работа во телекомите, технологијата и медиумите помогнала да се обликуваат идните стратегии за брендови како Т-Mobile, ВТ, О2 и Џон Луис, вели дека вештачката интелигенција би можела да им овозможи на роботите сами да програмираат криминална активност.

„Според моите предвидувања, до 2040 година сѐ повеќе и повеќе криминалот ќе се извршува од машини, а не од луѓе“, вели тој.

rb02

Но, експертите не се загрижени само за роботите, автономните автомобили и дроновите исто така би можеле да бидат голем проблем ако се хакираат и репрограмираат. Раџ Самани од Интел Сикјурити и Европскиот центар за кибер-криминал вели: „Само прашање на време е кога луѓето би можеле да станат беспомошни, не можејќи да ги возат своите коли сѐ додека не платат откуп.“

rb03

Воените експерти сѐ повеќе предупредуваат дека силите треба да се сосредоточат на компјутерската опасност, бидејќи хакерите ќе можат да предизвикуваат иста штета како и конвенционалните терористи и криминалци.

Сподели на Facebook
пати видено