Полициските кучиња во Италија наскоро може да останат без работа бидејќи се чини дека еден друг вид на животно знае како да се снајде во „кризна“ ситуација без да има било каков тренинг. Извинете кучиња. Група диви свињи успеа да сруши цела операција со дрога во Тоскана. Тие пронашле, украле и уништиле кокаин вреден 22.000 долари, скриени во шумата.

Полицијата ги прислушкувала телефоните на припадниците на осомничената нарко-банда и ги слушала нивните повици кога слушнале нешто што го поттикнало нивниот интерес. Додека слушале на еден конкретен повик, властите сослушале член на бандата кој се жалел од дивите свињи и штетата која ја предизвикале.

Полицијата ја слушнала бандата како се жали дека уните животни откопале и отвориле запечатен пакет со кокаин скриен во тосканската шума, во близина на Монтепуcано, пред да ја распрснат содржината низ шумата. Со овие информации, полицијата успеа да ја расклопи целата операција за шверц. Четворица осомничени – Италијанец и тројца Албанци биле уапсени.

Благодарение на деталниот опис за каде и како свињите ја направиле штетатата полицијата ја добила точната локација, која порано им била непозната. Бандата ѝ го привлекла вниманието на полицијата уште во 2018 година по убиството на 21-годишен Албанец. Истрагата, која траеше од септември 2018 до март 2019 година, откри дека еден од членовите на бандата, наводно, дистрибуирал дрога преку ноќен клуб во Арецо.

Полицијата соопшти дека осомничените тргувале со приближно два килограми кокаин секој месец, при што бандата пребивала еквивалент помеѓу 90 и 120 долари за грам. Профитабилен бизнис, се додека дивите свињи не ги разоткриле и не им уништиле залиха од 22.000 долари.

Сподели на Facebook
пати видено