Мислите дека не би можеле да живеете без пари? Ирецот Марк Бојл му пркоси на ова мислење и еве како тој изнаоѓа начин да преживее без финансиски приходи, банки и трошење.

„Ако некој пред седум години, на крајот од моите студии по економија и бизнис, ми кажеше дека сега ќе живеам без пари, веројатно би се задавел со залак од однапред подготвениот оброк подгреан во микробрановата печка“, вели тој. Според Бојл, во тоа време планирал да најде добра работа, да заработи колку што е можно повеќе и да купува работи кои на општеството би му покажале колку е успешен.

Како и повеќето поединци израснати во потрошувачко општество, тој никогаш не ги доведувал во прашање своите цели. Извесно време работел фантастична работа управувајќи со голема фирма за органска храна, па дури стигнал дотаму да купи јахта. И да не било случајното набавување на видео лента наречена Ганди, тој сѐ уште ќе го живеел истиот живот. „Денес ќе го правев истото. Наместо тоа, во последните петнаесет месеци не сум заработил, ниту потрошил ниедно пени. Компир!“

mb

Промената на животната патека уследила една вечер на јахтата додека со еден пријател филозофирале пиејќи Мерло. „Иако бев силно повлијаен од мислата на Ганди: Биди промената која сакаш да ја видиш во светот“, немав претстава каква би требало да биде таа промена, сѐ дотогаш.“

Двајцата пријатели почнале да разговараат за сите големи проблеми во светот – уништувањето на околината, војната за ресурси, фабриките, евтината работна рака – и се парашувал на кои од овие прашања би било најдобро да го посветат нивното време. Сепак, Марк не мислел дека би можел да направи некоја голема разлика, чувствувајќи дека се „две мали капки во високо загадениот океан“.

Но, таа вечер му се случило откровение: „Овие прашања не беа меѓусобно неповрзани како што порано си мислев – тие имаат заеднички корен. Мислам дека фактот што повеќе не ги согледуваме директните последици на сите тие набавки врз луѓето, околината и животните е чинителот кој ги обединува сите проблеми.“

Бојл верува дека степенот на одвоеност на потрошувачот од потрошувачката толку многу се зголемил што сега повеќето луѓе се целосно несвесни за нивото на уништување и страдање кое го предизвикува нашето обемно купување. Би можеле да се согласиме дека малку луѓе би сакале намерно да им предизвикаат страдање на другите; повеќето едноставно немаат претстава дека тие директно го прават тоа. Алатката која го овозможи ова одвојување се парите, особено во нивниот глобализиран формат.

„Кога самите би си ја произведувале храната, денес не би трошеле третина од неа“ – ова е еден од примерите на Марк за тоа зошто е важно повторното поврзување со природата и изворот на живот. „Кога самите би си ги правеле масите и столовите, не би ги фрлале во истиот миг кога ќе го промениме ентериерот, па повеќе не ни се совпаѓаат. Кога самите би си ја чистеле водата, веројатно не би се*еле во неа.“

Решавајќи тој да биде промената, ова го поттикнало Марк целосно да се нурне во неговото ново гледиште и се откажал од парите кои планирал да ги заработи во текот на таа година. „Направив листа на основни нешта коишто ми требаат да преживеам. Ја сакам храната, па така таа се најде на врвот. Има четири начини како да се здобиете со бесплатна храна; собирање на храна во дивината, одгледување, разменување и употребување на исфрлениот вишок.“

Првиот ден по оваа одлука нахранил 150 луѓе со три оброка во денот, со фрлена и собрана храна. „Готвев надвор – и на сонце и на дожд – употребувајќи ракетна печка.“

Следното прашање било засолништето. Си нашол приколка од Фрисајкл, ја паркирал во една фарма за органска храна кадешто волонтирал и ја реновирал да биде енергетски независна.

„Користев дрва кои ги собирав наоколу околу моето скромно живеалиште и ги горев во печка направена од стара плинска боца, а почнав и самиот да си изработувам ѓубриво за мојот зеленчук. Се капев во река, а како паста за заби употребував измелена коска од сипа со анасон. За тоалетна хартија употребував стари весници (откако ќе си го избришев задникот со статиите за мене); За транспорт, Марк го употребувал својот велосипед, при што патувањето во должина од 55 километри го користи како замена за одењето во сала. За осветлување употребувал свеќи од пчелин восок.

За некои инспирација, за други откачен и антикапиталист, Марк морал да го каже следново за својот радикален животен стил: „Многу луѓе ме нарекуваат антикапиталист. Иако верувам дека капитализмот има недостатоци во својата основа, изискувајќи неограничен растеж на ограничена планета, сепак не сум `анти` ништо“. За сметка на тоа, Бојл тврди дека тој е за природата, за заедницата и за среќата. Колку често се случува тоа да е животна философија на жител на град?

„И точно тоа не го разбирам – ако сиот тој консумеризам и уништување на околината носеше среќа, ќе имаше смисла. Но сите клучни показатели за несреќата – депресијата, криминалот, менталните болести, дебелоста, самоубиствата итн. итн. се во пораст.“ Се чини дека поголемото количество пари не значи и повеќе среќа.

Друг позитивен ефект на уникатниот животен стил на Марк е среќата која си ја создал за себеси: „Иронично, открив дека оваа година ми беше најсреќната година во животот. Стекнав повеќе пријатели од било кога, не се разболев откако почнав да живеам вака и никогаш не сум бил во подобра форма. Открив дека пријателството, а не парите, е тоа што обезбедува сигурност. Дека најголемата сиромаштија во западниот свет е сиромаштијата на духот, и го сфатив вистинското значење на зборот независност.“

Примерот на Марк секако може да служи за инспирација за тие кои бараат слобода од совремието и брзиот живот, но тој смета не е возможно сите луѓе да се свртат кон овој начин на живот.

„Тоа би било катастрофа, ние сме премногу зависни од потрошувањето и евтината енергија и успеавме да изградиме цела една глобална инфраструктура која го искористува тоа.“

Сепак, постепеното преминување од широка и глобална потрошувачка во локални мали заедници кои зависат од сопственото производство е возможно.

„Во деведесет отсто од периодот во кој човекот како суштество е присутен на планетава, најеколошки сме живееле кога не сме употребувале пари. Сега сме единствениот животински вид кои употребуваат пари и следствено на тоа сме видот кој е најоддалечен од природата.“

Сподели на Facebook
пати видено