Редок дијамант од 50 милиони долари ќе биде ставен на аукција за прв пат, денес, во Женева. Овој мистериозен дијамант за кој малку луѓе имаат слушнато, наречен „Пинк наследство“ ќе се продава преку аукциската куќа Кристи во хотелот Four Seasons des Berges.

Речиси 19-каратниот розов камен се проценува дека ќе достигне цена од 30 до 50 милиони долари. Интернационалниот специјалист за накит во Кристи, Жан-Марк Лунел, изјавил: „Ако погледнеме дека повеќето розови дијаманти тежат помалку од карат, тогаш ова е нешто посебно. Тоа е веројатно најубавиот (примерок) некогаш претставен на јавна аукција.“

Тој додал дека скапиот живописен дијамант бил откриен во еден рудник во Јужна Африка пред околу еден век и бил „најверојатно обработен во 1920-тите години“.

Уникатниот дијамант некогаш му припаѓал на семејството Опенхајмер, кое со децении ја водело компанијата за рудници за дијаманти „Де Бирс“ и контролирало голем дел од трговијата со дијаманти во светот во текот на три генерации.

Не е познато кој е моменталниот сопственик на дијамантот, кој потсетува на фиктивниот дијамант „Пинк Пантер“, од истоимените филмови.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено