Сите сме гледале барем еден филм посветен на озогласениот убиец, Џек Мевосек кој бил страв и трепет на улиците во Лондон. Иако досега имало многу претпоставки за тоа кој може да биде убиецот, немало ниту еден конкретен доказ, кој би можел да даде точна насока.

Сепак, еден шал пронајден до една од жртвите на Мевосек го даде конечниот одговор на оваа долгогодишна мистерија.

Шалот со дамки од крв од Кетрин Едоус бил проверен за ДНК со насовремените технологии од освен ДНК на Кетрин била пронајдена ДНК и на полски бербер, Арон Космински. 23-годишниот Арон, според научниците бил сериоскиот убиец кој лутал по улиците на Лондон и убивал жени.

Арон Космински

Полскиот имигрант живеел со неговите двајца браќа и сестра на Гринфилд Стрит, само 200 метри од каде што била убиена неговата трета жртва, Елизабет Страјд. Идентитетот бил потврден од истражувачите од Универзитетот Џон Мурс во Ливерпул, кои ги споделија своите наоди во Journal of Forensic Sciences.

Тие напишаа: „За првпат опишавме систематска, молекуларна анализа на нивото на единствениот преживеан физички доказ поврзан со убиствата на Џек Мевосек. Наоѓање на профили кои се совпаѓаатисто така е доказ и зголемување на статистичката веројатност за автентичноста на шалот.“

Бизнисменот Расел Едвардс кој го купил шалот на аукција во 2007 година контактирал со научниците пред неколку години. Космински беше поврзан со озлогласениот убиец во 2014 година, кога д-р Јари, еден од авторите на ова истражување, го проучуваше истиот шал.

Но, неговите тврдења биле пробиени од страна на други научници кои рекле дека направил „грешка во номенклатурата“ во неговата анализа. 130-годишната мистерија за идентитетот на убиецот продолжи, но овие нови наоди се чини дека конечно го демаскираа негативецот.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено