Кога Зои Тарнер го купила нејзиниот тесен фустан од 55 долари, не ни насетувала дека тоа ќе ѝ го спаси животот. Откако се дотерала за забава и се качила во такси заедно со нејзините пријатели, фустанот на крај бил единственото нешто кое се испречило помеѓу неа и сигурната смрт.

Додека патувале кон клубот доживеале страотна сообраќајна несреќа. На возачот му бил скршен вратот, а нејзините пријатели преживеале повреди како скршеници на рацете, сериозни повреди на главата и карлицата. Што се однесува до Зои, според докторите таа воопшто немала да преживее ако не бил нејзиниот фустан кој дејствувал како корсет.

desktop-1420168577

Поради начинот на кој облеката тесно го обвиткувала нејзиното тело, нејзините коски не можеле да се изместат, да се скршат или да ги повредат нејзините внатрешни органи. „Докторите ми кажаа дека ако не носев толку тесен фустан којшто ги држел моите коски на место во времето на судирот, некоја од нив со сигурност ќе пробиела некој внатрешен орган при кршењето.“

Сподели на Facebook
пати видено