Метју Харис знаел дека неговата девојка има голема желба да чува кученце, особено од расата јазовичар, затоа решил да ѝ ја исполни оваа желба, но имал и друг план.

Тој ја однел неговата девојка Андреа со која е во врска веќе 9 години, на видиковецот Маунт Кеира, јужно од Сиднеј. Оваа место било посебно за нив бидејќи пред 9 години таму ја прашал дали сака да му биде девојка.

Метју добро се подготвил за овој момент, тој нашол човек кој одгледува вакви кученца и го замолил да комуницираат само кога е на работа за неговата девојка да не дознае. Тој и Андреа од неодамна почнале заедно да живеат и затоа решил нивната љубов да ја „официјализираат“.

Во видеото, кое го снима сестрата на идната невеста, може да се види дека Андреа реагира прилично емотивно на подарокот, но на емоциите им нема крај кога ќе го види и главното изненадување. Метју ја запросува својата девојка така што на ременчето на кученцето го поставил прашањето: „Ќе се омажиш ли за мене.“ Секако одговорот на Андреа, бил: „ДА“.

Сподели на Facebook
пати видено