Оваа девојка е фанатик за тетоважи и себе се нарекува „Синоок бел змеј“. Нејзиното тело е цело во тетоважи, но таа сакала да го направи најголемиот предизвик, да си ги истетовира очите.

За „луксузот“ платила 26.000 долари бидејќи процедурата е многу опасна. 24-годишната Амбер Лук од Централ Коуст, Нов Јужен Велс, Австралија, поминала 40 минути на столот за време на најболната процедура што можете да си ја замислите, ризикувајќи трајно слепило, за да го постигне својот совршен изглед.

Со 200 тетоважи од глава до пети, зголемување на градите, полнила за образи и усни, како и вметнати импланти поставени во ушите, Амбер е запознаена од болката која што доаѓа со ваквите процедури. Но, 24-годишната вели дека досега нејзината најопасна постапка била мастилото да ѝ се вбризгува во очите.

„Јас дури и не можам да започнам да ви опишувам какво е чувството, најдоброто нешто што можам да ви го дадам е штом мастилото навлезе во очното јаболко, се чувствува како уметникот да зграбил 10 парчиња стакло и да ви ги трие во окото.“, објаснува Амбер. Иглата влегла по 4 пати во секое око, но она што било уште пострашно следело подоцна.

По процедурата девојката ослепела. Нејзината мајка и пријатели почнале да креваат паника откако неделите поминувале, а видот на Амбер не се враќал. За среќа по еден месец видот на девојката почнал да се враќа во нормала, но сѐ уште има одредени проблеми со очите.

„За жал, мојот уметник отиде премногу длабоко во окото. Ако постапката на вашиот очното јаболко е направена правилно, воопшто не треба да ослепите. Бев слепа повеќе од 3 недели.“, објаснува Амбер. Таа вели дека ова ѝ е најекстремната процедура и дека не планира ништо поекстремно, освен да го „прекрие“ празниот простор на телото до 2020 година.

Девојката вели дека „не се сакала себе“ како дете и се вљубила во тетоважите уште на 16-годишна возраст.

Сподели на Facebook
пати видено