Врската помеѓу сестрите е многу силна и границата што би направиле сестрите една за друга е бесконечна.

Без разлика колку и да изгледа смешно и глупаво сестрите прават сѐ една за друга, доколку тоа значи дека едната од нив ќе биде пресреќна. Таква е и ситуацијата во оваа приказна.

Тереза Меркел решила да се облече како грмушка. Не затоа што полудела и мисли дека е грмушка, туку затоа што сакала на својата сестра да ѝ подари прекрасни фотографии од најмагичниот момент од нејзиниот живот.

Еден ден на Тереза ѝ се јавил Ендру, момчето на нејзината сестра Рејчел со која е разлика само 1 година. Тие зборувале долго на телефон и тој од неа побарал две работи, првин ја побарал раката на нејзината сестра бидејќи знае за нивната неверојатна близина, а потоа за замолил за мала помош. Тој сакал Тереза да го одбележи нивниот посебен ден.

Тереза била подалеку од градот каде што биле нејзината сестра и Ендру, но таа секако не одбила и дури решила тоа да го направи со јака камуфлажа, за да случајно не го расипе моментот, ако ја забележат.

Со Ендру првин мислеле и да глуми таа дека е повредена да повикаат брза помош и наместо лекарите да се појави Ендру, но за среќа брзо сфатиле дека тоа е премногу агресивно и најверојатно ќе ја преплашат девојката, па се решиле на поромантична верзија, со љубовна поема и посебно место за вљубените.

Тереза вели дека запросувањето поминало на најромантичен можен начин, освен тоа кога се појавила од грмушките ккао грмушка и почнала да вика: „Таа рече ДА! Таа рече ДА!“ Тогаш сестра ѝ Рејчел малку се збунила, а веќе во наредниот момент почнала да се смее и да плаче од радост во исто време.

Сподели на Facebook
пати видено