Девојка поднела официјална пријава во полиција дека била силувана од покемон. Таа на полицајците им кажала дека била силувана од џиновски покемон во нејзиниот стан во рускиот главен град Москва. Наводно, се разбудила и видела џиновски покемон како лежи врз неа, силувајќи ја.

Таа вели дека покемонот исчезнал кога таа скокнала од креветот, но дека Покемон Го апликацијата на нејзиниот мобилен телефон сѐ уште го покажувала истиот виртуелен лик токму на нејзиниот кревет. Таа го разбудила нејзиниот сопруг барајќи објаснување од него за тоа што се случило, но тој на полицајците им кажал дека не ѝ верува и ѝ кажал да се види со психијатар.

Иван Макаров, пријател на жената, споделува: „Таа вели дека кај неа дома има премногу покемони и дека дури и нејзиното куче може да ги почувствува. Таа вели дека кучето лае секогаш кога таа игра Покемон Го.“

