Една млада девојка останала со нејзиното момче и покрај тоа што страда од сериозен тумор кој се шири низ неговото лице. Верната девојка Атитаја Чумкео се грижи за своето момче, Пух Чокчаи Каев кој страда од рак на очите кој се шири и го загрозува неговиот живот. Атитаја, од градот Сонгхла, Тајланд, објавила фотографија на социјалните мрежи и напишала: „Трета годишнина, го сакам исто.“

Нејзината објава станала многу популарна. Младиот човек боледува од рак во краен стадиум што се шири низ неговото лице. Семејството откри дека лекарите немаат третман, со радиотерапија или хемотерапија.

Но, младиот човек се уште се надева на чудо и дека туморот ќе исчезне. Луѓето кои ја виделе објаваат коментираат велат дека љубовта што ја дава на нејзиното момче е најдоброто нешто што може да му го понуди. Може дури и да предизвика чуда.

Локалните медиуми објавиле дека болеста на Пух започнала како ретинобластом и дека клетките на ракот потоа се ширеле низ неговото лице.

Лекарите, наводно, се песимистични, но пациентот не се откажува од надежта.Атитаја и Пух велат дека се среќни што имаат некоја интернет-популарност и надеж за подобро здравје, не само за него, туку и за пациентите со рак низ целиот свет.

Сподели на Facebook
пати видено