Маж по име Шакур бил скоро убиен во суров напад со нож, од страна на неговата девојка. Тој преживеал бидејќи успеал да избега од местото на настанот, во Нижнекамск, Русија.

На човекот му биле потребни 3 недели за да закрепне и да може да сведочи на суд против неговата девојка, која се изјаснила како виновна за нанесените 13 убодни рани. Сепак во судницата се случил пресврт кој никој не го очекувал.

На жената ѝ се заканувале 6 години затвор за обид за убиство, но таа иако признала дека му ги нанела повредите, тврдела дека немала намера да го убие и дека била пијана во моментот. Токму кога судијата сакал да ѝ ја изрече казната, Шакур го замолил да не ја праќа неговата девојка во затвор и ја ЗАПРОСИЛ.

Сите во судницата останале збунети, а судијата бидејќи не знаел како да изреагира го одложил судењето. Шакур објаснил дека сака да се ожени со девојката дека таа била само пијана и ѝ простил. Доколку судот не ја осуди тој би сакал да го испланираат датумот на венчавката.

Сподели на Facebook
пати видено