Девојка го пронашла свршувачкиот прстен со кој нејзиното момче планирало да ја запроси и бидејќи не ѝ се допаднал, затоа што бил премногу „обичен“ дијамнтски прстен решила да се пожали на социјалните медиуми, но не го добила „сожалувањето“ што го очекувала.

Таа напишала: „Бљак. Срамен петок еве ме доаѓам. Го најдов ова на ноќната масичка на моето момче. Не сум обожавател. Ве молам критикувајте и потоа кажете ми како тактички да кажам не, треба да ми купиш нешто различно.“

Неидентификуваната жена, исто така, ја споделила и втора фотографија на прстенот со насловот „Обичен“. Корисниците на социјалните медиуми ѝ напишале коментари во кои наведуваат дека нејзиното момче воопшто не треба да ја запроси и дека најдобро би било да ја остави доколку дознае за ова што го направила.

Други се пошегувале на нејзината сметка во коментари од типот: „Пресврт на настаните, прстенот не е за неа“, „Замислете вака да дознае дека подарокот е за друга девојка“, „Веќе ја слушам неговата мајка која вели ‘оваа девојка не е за тебе’“.

Сподели на Facebook
пати видено