Дали некогаш сте земале кеса од чипс и сте си помислиле: „Хм ова може да биде добра маица“.

Најверојатно не, но Никол МекЛафлин е талентирана дизајнерка за Reebok и таа може да направи секаква облека и обувки од ѓубрето што го фрламе.

Без разлика дали е фрлена кесичка од Харибо или пакување за влажни марамици, Никол може да им даде втор живот и да ги претвори во влечки.

Со желба да промовира „еко-мода“ девојката користи различни остатоци од отпадоци и материјали и креира интересни парчиња. Таа има над 100.000 следбеници на Инстаграм кои се воодушевуваат на нејзините креативни идеи. Дави би носеле некогаш вакво парче облека?

Сподели на Facebook
пати видено