„Ако можам јас, можеш и ти.“ Оваа мисла се обидува да им ја пренесе на своите ученици Тифани Адамс, која работи како фитнес инструктор. Откако ќе прочитате колку „богат“ живот има оваа девојка ќе сфатиде дека на нејзината сила и дух може само да им се завидува. Таа стана извор на инспирација за сите оние кои биле спремни да се откажат од животот.

До 17 години, Тифани Адамс била обична инејџерка. Одела на училиште, во театарска секција и пеела во хорот, а сонувала да стане модел. Во 2000 година, девојчето преживеало ужасна несреќа во Калифорнија. Тифани била патник во автомобил што пијан возач го удрил со брзина од над 200 км / ч. Двајца пријатели кои биле со неа загинале, а таа била во кома 3 недели. Можноста за преживување била само 5%.

Откако Тифани се опоравила, ѝ било кажано дека никогаш нема да може да оди. Меѓутоа, девојката не очајувала и пронашла сила да живее и најголема поддршка ѝ бил нејзиниот татко.

Тифани Адамс поминала курсеви по психологија и педагогија, по што работела како наставник во основно училиште. Потоа таа станала успешен фитнес тренер, а подоцна и научила да вози автомобил.

Неколку години подоцна го напуштила нејзиниот роден град и се преселила во Лос Анџелес за да се обде да работи како модел и актерка. Во 2012 година, Тифани станала учесник во реалното шоу Push Girls, кое ја раскажува приказната за четири силни девојки со инвалидитет.

Оваа девојка го привлекла вниманието и на неколку брендови за спортска опрема. Често ја канат на модни ревии како модел, но таа вели дека никогаш не би го напуштила фитнесот, бидејќи тој ја спасил од очајот и ѝ дал сила за да живее.

Тифани Адамс е исто така активна јавна личност. Таа организира акции против возење во пијана состојба, работи со тинејџери кои страдаат од различни нарушувања и сл.

Сега девојката работи на книга во која ќе зборува за својот живот и како таа не очајува под никакви околности.

Во 2017 година, на филмскиот фестивал во Бруклин, бил прикажан 5-минутен филм „Тифани“ за минатото и сегашноста на нашата хероина. Самата девојка вели: „Повеќето луѓе веруваа дека оваа несреќа ќе ме спречи да ги постигнам поставените цели. Сепак, стана мошне добар катализатор за нивно спроведување.“

Сега Тифани ги прави првите чекори на специјални уреди и верува дека повторно ќе може да оди. Секое од нејзините достигнувања се снима, а видеата се ставаат на социјалните мрежи, за да ги инспирира луѓето.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено