Кога првин ќе ја погледнете фотографијата си помислувате една работа: „Ова мора да е геј пар со нивната ќерка“. Сепак не станува збор за вакво семејство. Малата Вилоу од Тексас има големо семејство со двајца татковци и мајка.

Од левата страна на фотографијата е „тато Дилан“ или „дополнителниот татко“, а од десната страна е „тато Дејвид“ или биолошкиот татко на Вилоу.

Всушност станува збор за едно мало девојче, нејзините разведени родители и вереникот на нејзината мајка. Не е чудно луѓето кои еднаш се развеле повторно да стапат во врска и брак, но она што е необично е нивниот пријателски однос да продолжи, не само со претходниот сопружник, туку и со новиот избраник во нивниот живот.

Ова не претставува проблем за Дилан и Дејвид кои ја опсипуваат со љубов Вилоу. Дејвид е поранешниот маж на Сара, мајката на Вилоу и биолошки татко на девојчето. Дилан и Сара се верени и планираат наскоро да стапат во брак. Дилан вели дека тој не сака стереотипите и медиумите да му налагаат како да се однесува со поранешниот партнер на неговата идна сопруга.

Тој вели дека благодарение на Сара добил нова ќерка, нов брат и пријател. Дејвид е добредојден во домот на Сара и Дилан и тој често престојува таму кога ја посетува Вилоу. Фотосесијата е направена пред забава за „татковци и ќерки“, а која оваа година ја однел Дејвид, но сакале да направат неколку заеднички фотографии.

Сподели на Facebook
пати видено