14-годишната Шарлот Понс била подложена на реконструктивна хирургија на лицето во четвртокот во болницата Бомонт во Ројал Оук, Мичиген и сега таа се опоравува од операцијата и едвај чека да ги види крајните резултати.

Девојчето имало десетици слични вакви операции откако ракун чуван како домашно милениче скоро изел половина од нејзиното лице кога девојчето имало само 3 месеци, поради тоа што го намирисал млекото кое се расипало врз лицето на бебето. Оттогаш старателството на нејзините родители им било одземено и таа живее со нејзината тетка.

За време на 90-минутната операција било пресадено ткиво од стомакот на Шарлот на нејзиниот образ и усни, исто така на раката на девојчето лекарите растеле ткиво кое подоцна било пресадено како ново уво на Шарлот. Малко парче од левото уво на девојчето било искористено за да се направи ноздрата која и недостасувала.

Шарлот исто така има и брат кој што исто така бил одземен од родителите по инцидентот со ракунот. Семејството на Шарлот вели дека девојчето има проблеми да се социјализира и често е депресивна, но има мала група на пријатели во училиштето. Таа се надева дека ќе стане биомедицински инженер кога ќе порасне за да може да прави протетски помагала за луѓето.

Сподели на Facebook
пати видено