Сите деца се радуваат кога наред ќе дојдат училишните излети без разлика колку се блиску. Тоа е една можност децата да се дружат и да се забавуваат во природата. Едно девојче сепак не е најсреќно кога ќе го слушне зборот „излет“.

10-годишната Рајан Нејборс од Луисвил, Охајо, има спина бифида, дефект на нервната цевка што влијае на развојот на ‘рбетниот мозок и околните коски.

Таа имала неколку операции и може да се движи само во инвалидска количка. За жал, состојбата на Рајан претходно ја спречувала да присуствува на ваквите излети, што довело до нејзино пропуштање во градењето на посебни, доживотни спомени со нејзините соученици.

Но, кога училиштето најавило излет до водопадите на Охајо, мајката на Рајан, Шели Кинг знаела дека оваа место е далеку од соодветно за личност во инвалидска количка. За среќа Рајан си имала свој „ангел чувар“ во форма на наставник по име Џим Фриман.

Џим се понудил да ја носи Рајан на грб за време на целиот излет за таа да може да истражува, да учи и да се забавува со своите соученици. Шели веднаш ја објавила приказната за неверојатниот човек на социјалните медиуми и тој добил безброј пофалби за неговата навидум едноставна идеја.

Оваа приказна покажува како еден инспирационен наставник може да има големо влијание врз животот и воспитувањето на едно дете. Браво за Џим!

Сподели на Facebook
пати видено