Вешто девојче се досетило како да искористи слободен ден од училиште, но нејзиниот генијален план сепак не бил толку одличен.

6-годишната Лили Скулеј сакала барем на 1 ден да го избегне одењето на училиште, па нацртала црвени точки насекаде по нејзиното тело, кои требало да наликуваат на сипаници.

Нејзината мајка, 34-годишната Шарлот Скулеј изјавила дека нејзината ќерка забележала дека неколку од нејзините другарчиња изостанале од училиште поради болеста, па самата Лили смислила план како и таа да го избегне тестот по спелување и да не оди на училиште.

“Наредниот ден Лили требаше да има тест по спелување, но го мразеше тоа. А неколку од нејзините соученици се здобија со сипаници, па најверојатно од нив се инспирирала за нејзиното мало и смешно “злосторство””-изјавила нејзината мајка.

Малото девојче позајмило црвен маркер, со изговор дека и е потребен за нејзината домашна задача, а подоцна се симнала долу кај своите родители, тврдејќи дека има осип.

Родителите веднаш сфатиле дека нивната ќерка лаже и едвај се контролирале да не се засмеат. Наместо тоа, ја прифатиле нејзината игра и и рекле дека веднаш ќе ја однесат на лекар, при што малото девојче наседнало на нивниот трик, па започнало да ги брише црвените точки.

Но, ситуацијата да биде уште посмешна и вистински материјал за паметење, маркерот што го користела Лили бил траен, па така лажните сипаници не можеле да се отстранат ниту со вода, ниту со сапун, а друи пробале со масло и спреј за коса, но неуспешно.

Наредниот ден, Лили се вратила на училиште, а нејзините соученици морале да ги убедуваат дека нејзините црвени точки не се заразни.“Сипаниците” и поминале дури по 4 дена.

Сподели на Facebook
пати видено