Микајла Лори е девојче од сиромашно семејство во САД, Феникс  кое оваа година матурирало со најдобрите оценки, а таа исто така била претседател на неколку друштва во нејзиното училиште. И покрај нејзиниот голем успех и амбиции 17-годишната Микајла не знаела дали ќе може да оди на факултет затоа што немала доволно финансиски средства за школувањето. Нејзината животна желба е да стане морски биолог.

Таа заедно со нејзините пријатели отишла на концерт On The Run II tour, за да ги слушне Бијонсе и Џеј Зи. Но, Микајла не го очекувала моментот во кој Диџеј Калед излегол на сцена и соопштил дека Бијонсе и Џеј Зи ќе доделат стипендија од 100.000 долари и дека таа ќе и припадне на Микајла Лори.

Микајла била член на Boys & Girls club, национална организација во Америка со локални групи кои обезбедуваат училишни програми за млади луѓе. Таа има за цел да ги обезбеди сите свои млади членови, особено оние кои се во финансиски тешкотии, да го достигнат својот полн потенцијал, поточно за оние кои немаат друго решение. Девојката била селектирана врз основа на овој клуб, а таа самата не знаела дека била кандидат за ваква стипендија.

Сподели на Facebook
пати видено