Ниедно дете не го заборава првото милениче, но за двегодишната Скарлет Типтон, врската која ја формирала со мачето Док е невообичаено блиска. За жал, и на двајцата им бил ампутиран екстремитет на млада возраст и сега тие заедно учат како да се справат со нивната новонастаната состојба.

На Скарлет морале да ѝ ја ампутираат раката до рамото кога била стара само десет месеци, откако била родена со канцер толку редок што таа е единствената личност на кој ѝ е дијагностициран.

dt01

Тримесечното маче пак било најдено од Едит Риос и нејзината снаа Кели Гонзалес, по што го однеле во засолништето за животни во Сан Џасинто, Калифорнија, во декември минатата година. Откако слушнале за чудесното преживување на мачето, семејството Типтон го посетиле во засолништето ноќта пред Божиќ и решиле да го посвојат.

dt02

Кога Скарлет се играла со мачето, забележала дека има шавови и цевка за дренажа, нешто со што и таа морала да се справува по нејзината ампутација.

dt03

„Таа има само две години, но мислам дека таа го разбра тоа и ѝ дојде на ум дека мачето е исто како неа“, вели нејзината мајка. „Мачето е толку прекрасно. Многу сака да се гали, многу е активно и сака да си игра со играчки. Многу сме возбудени“.

Сподели на Facebook
пати видено