Суровата интернет игра „задушување“ ја однесе својата прва жртва. Дванаесетгодишно момче се убило себеси снимајќи се како се гуши. 12-годишниот Карнел Хаутон од Велика Британија се убил во текот на бизарната игра која деца од целиот свет ја играат на интернет.

Целта на играта е децата да се снимаат додека некој ги дави и сами се гушат така што се врзуваат со нешто, а потоа снимката ја качуваат на социјалните мрежи. Се гушат се додека не го прекинат протокот на кислород во мозокот и не се онесвестат. Играта се распространила бидејќи претставува една од ретките игри-предизвици во која не е вклучена дрога или алкохол, но ете, очигледно е погубна за играчите.

Karnel Haughton

Родителите на малиот Карнел се очајни поради загубата и ги предупредуваат луѓето ширум светот да внимаваат што прават нивните деца на интернет.

„Карнел беше едно среќно и духовито момче. Имаше прекрасен однос со неговиот брат и со неговата сестра, навистина не знам зошто го сторил тоа“, вели неговата мајка, којашто прва го пронашла својот мртов син во неговата соба.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено