Тинејџерка чиешто момче загина во авионска несреќа во Шорхам открива дека тој умрел без да знае дека таа носела нивно дете. 17-годишната Џорџина Бран го родила синот Џексон на 22 мај, точно девет месеци по загинувањето на 23-годишниот Даниел Полито.

tn01

Полито и неговиот другар Мет Џонс загинале кога во нивниот автомобил удрил запален авион. Во трагедијата загинале 11 луѓе. Џорџина изјавила дека Даниел бил нејзината прва вистинска љубов. Двојката, која се запознала преку нивните семејства, започнале да се забавуваат пред 16-тиот роденден на Џорџина, сао неколку недели по несреќата.

tn02 tn03

На денот на катастрофата, Даниел планирал да ја изведе Џорџина на состанок. Ѝ пишал порака за да ѝ соопшти дека е на пат кон неа – но никогаш не пристигнал да ја одведе на кино. Џорџина вели дека во неделите по несреќата таа „се заклучила во себеси“ мачејќи се да се справи со големата загуба. И во тие тешки мигови таа дознала дека е бремена од Даниел.

tn04

„Секогаш мислев дека ќе родам бебе во моите доцни 20-ти, најрано. Но, поради околностите, сега е сосема различно. Само што го загубив Даниел, не би сакала да го загубам и моето бебе“, вели таа.

Тинејџерката вели дека сака да го одгледа својот син да биде дрзок и безгрижен како и неговиот татко, додавајќи: „ако израсне како него, значи добро сум си ја завршила работата.“

Сподели на Facebook
пати видено