Сон на секој истражувач и арехолог е да најде некоја стара цивилизација непозната за постојните историски книги. Напредна древна цивилизација е сонот на секој археолог додека ги истражува големите сѐ уште неознати области на планетата Земја, надевајќи се да налета на неверојатни споменици, градби и артефакти кои ќе им донесат слава.Секоја година налетуваме на нови откритија кои не доведуваат до тоа да доведеме во прашање сѐ што досега сме знаеле за потеклото на човекот и безбројните древни цивилизации кои ја населувале планетата пред нас. Некои откритија дури посочуваат кон времиња – испуштени од мејнстрим научниците – кога на Земјата имало високо напреднати древни цивилизации со неворојатно напредна технологија која што денес се чини засекогаш изгубена.

Изгубениот град Атлантида е веројатно еден од најконтроверзните нешта кои би можеле да им ги спомнете на археолозите и истражувачите, и многумина веруваат дека митскиот изгубен град е само мит, создаден од старогрчкиот философ Платон пред илјадници години и дека нема никаков доказ дека тоа царство навистина некогаш постоело. Но, Атлантида била истражувана од страна на Смитсоновиот институт, што посочува дека некој сметал дека оа би можело да е од некавко големо значење.

at01

Според извештај од 1915 година, М. Пјер Термир, автор на студијата и член на Академијата на науките на Франција обезбедил бројни детали за Атлантида, давајќи некакви основи за понатамошно истражување за нејзиното евентуално постоење.

„По долг период на незаинтересирана рамнодушност, забележувам дека во последните години науката се враќа кон истражувањето на Атлантида. Колку само натуралисти, геолози, зоолози или ботаничари се прашуваат дали Платон можеби сепак ни пренел, со мало преувеличување, страница од вистинската историја на човештвото. Сѐ уште не може да се потврди, но сѐ поверојатно е дека голем регион, континентален или можеби сочинет од големи острови, ја доживеал својата пропаст западно од Херакловите столбови, познати и како Гилбралтарски Проток, и таа пропаст се случила во не толку дамнешно минато. Како и да е, прашањето за Атлантида одново е ставено пред луѓето од науката; и бидејќи јас не верувам дека тоа некогаш би можело да биде решено без помошта на океанографијата, мислам дека е сосема природно да дискутираме овде, во овој храм на поморските науки…“

Во извештајот Термил приложил зоолошки, географски и геолошки податоци кои цврсто сведочат за постоењето на изгубениот континент Атлантида и неговата некогаш голема цивилизација. Но, ако таква империја навстина постоела, каде се доказите за тоа? Да се навратиме на Платоновиот опис на Атлантида.

Атлантида е предмет на дебата повеќе од 2500 години меѓу философите, историчарите и археолозите. Опишувана е како моќно и високо напреднато царство кое потонало во текот на едно деноноќие, за повеќе никогаш да не биде видено. Според Платон, тоа се случило некаде околу 9600 г.пр.н.е.

„Со силни земјотреси и поплави, во текот на еден ден и една ноќ на несреќа, целата таа раса била проголтана од Земјата и островот Атлантида исчезнал во морските длабочини“ – Платон.

Првите писанија за Атлантида се среќаваат во познатата книга „Дијалози“ напишани од страна на старогрчкиот философ Платон во 4. век пр.н.е. ССпоред Платон, приказните за Атлантида нему му биле пренесени од неговиот дедо, кој приказната ја слушнал од големиот грчки државник Солон, а кој пак истата ја слушнал од египетски свештеник кој тврдел дека Атлантида постоела 9000 години пред тоа.

Според пишувањата на Платон, Атлантида била населена од примитивни човечки суштества, но грчкиот бог Посејдон водел љубов со една смртничка, од што се изродиле пет деца, кои потоа ја кренале Атлантида до ниво на моќна цивилизација. За градбата на јавните згради бил употребен бел, црн и црвен камен. Секоја од градските зони била обрадена со ѕид. Надворешниот ѕид бил покриен со бронза, средниот со калај, а внатрешниот, кој ја опкружувал цитаделата, со орихалк. Во цитаделата на централниот остров биле сместени палатите, храмовите и другите јавни згради. Во центарот, опкружен со златен ѕид, имало храм посветен на Клито и Посејдон.

Според географските описи, Атлантида била поделена на концентрични зони на копно и вода. Две копнени и две водени зони го опкружувале централниот остров, на кој имало топли минерални извори, како и извори на свежа вода.

Атлантида станала моќна и добро организирана империја која се состоела од централна влада и напредна индустрија која им овозможила да постигнат дотогаш невидени височини, можеби понапредни и од тие кои ги имаме денес.

Делот на Атлантида кој гледал кон морето се опишува како извишен и стрмен, но централниот град бил расположен во рамница засолнета од планини кои восхитувале со нивната височина и убавина. Рамницата давала две жетви годишно, зиме била наводнувана од дождовите, а лете со помош на бројните канали за наводнување, кои исто така биле употребувани и за превоз. Рамницата била поделена на секции и во време на војна, секоја секција обезбедувала определен број воини.

Сепак и покрај нивниот неверојатен напредок, цивилизацијата на Атлантдиа завршила ненадејно бидејќи владетелите станале многу егоистични и скршнале од патеката на мудроста и доблеста.

За тоа каде се наоѓала Атлантида се појавиле неколку теории во текот на сиве овие години; Азорските острови, Сахара, Малта, Боливија, Перу, Антарктик, Крит и Блискиот Исток – ова се само неколку од локациите предложени од страна на истражувачите, а според нив, барем некои од овие места се на некој начин поврзани со Атлантида. Сепак, каде точно се наоѓала оваа цивилизација, и дали навистина постоела или е само плод на бујната фантазија на Платон, сѐ уште останува мистерија.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено