Сопружници избираат „код“, за пред малата ќеркичка, за да може да си кажат кога се расположени за секс. Кодот е „машина за пишување“.
Така, таткото и вели на својата ќерка:
– Оди и кажи на мама дека тато сака да пишува писмо на машината…
Ќерката оди и брзо се враќа со одговор:
– Мама рече дека не може… на машината денес имало ролна со црвена лента… ќе мора да почекаш до утре…
Наредниот ден ќеркичката трча кај татко си:
– Тато, тато, мама рече дека сега веќе може да го напишеш писмото…
Таткото ја праќа назад со одговор и ќерката и вели на мајката:
– Мамо, тато рече да не се грижиш… не издржал и се задоволил рачно…
Мајката поцрвенела и брзо отрчала кај таткото.
– Зошто смислувавме кодови, зошто си и рекол така…!!!???
Таткото збунето:
– За што зборуваш!… И Реков да ти пренесе дека сум го напишал писмото на рака…

Сподели на Facebook
пати видено