Филмот е направен според идеја на Љубиша Петрушевски, камерата е на Наташа Гелева, за монтажата се задолжени Владимир Петровски Картер, Дарко Стефановски, Димитар Илиевски, а во него учествуваат The Hip, Ања Илиева и Сања Костовска. Проектот е во издание на ПМГ Рекордингс.

Овој проект е визуелен ремикс на музиката на кумановскиот алтернативен бенд The Hip. Колаж на влијанија, произлезени од литературата, филмот, сликарството. На друго ниво пак, се работи за внатрешно патување. Себеиспитување. Самоанализа, себепронаоѓање. Кулминација на сензациите. Естетски омаж. Уживање во Уметноста.

Јане Алтипармаков освен со режија се занимава и со критика и диџејство. Автор е на неколку музички видео спотови, краткометражни и документарни филмови. Дел е и од авторската екипа на омнибусот Скопје Ремикс, кој ја доби специјалната награда за иновативност на Фестивалот на Балкански Филм во Поградец, Република Албанија. Неговите авторски дела се прикажувани на повеќе фестивали кај нас и во светот. Во моментов работи на вториот дел од проектот за The Hip, а учествува и како асистент режисер на шведскиот филм Затнати Усти во режија и сценарио на Карл Абрахамсон, чијашто премиера се очекува во 2016.

филм

Сподели на Facebook
пати видено