Научниците открија голема радијација 800.000 пати повеќе од нормалната стапка во дел од Норвешкото море. За ова вината паѓа на Русите, иако и самите не сакале тоа да се случи.

Станува збор за руска нуклеарна подморница која потонала во 1980-тите години. Подморницата Космолетс потонала во близина на островот Бер во 1989 година, откако имало пожар во неа. Во подморницата загинале 43 морнари од вкупно 69 лица.

Научниците од Институтот за морско истражување во Норвешка објавија дека откриле дека нивото на радијација е 800.000 пати поголемо од нормалното во близина на остатоците од подморницата кои моментално се наоѓаат на длабочина од 1700 метри.

Нуклеарниот реактор на подморницата и двете нуклеарни боеви глави сѐ уште се наоѓаат на подморницата. „Неколку примероци земени во и околу вентилациониот канал на потонатата подморница содржат многу повисоки нивоа на радиоактивен цезиум отколку што обично се наоша во Норвешкото Море“, се вели во соопштението на институтот.

„Зедовме примероци од водата од овој канал, бидејќи Русите ги документираа истекувањата тука и во 1990-тите, а и неодамна во 2007 година. Значи не бевме изненадени кога пронајдовме високи нивоа на радијација тука.“, рече лидерот на експедицијата Хилде Елис Хелдал.

Според Хелдал, сепак, не постои причина за загриженост околу нивото на радијација. Радијацијата има само мало влијание на околните риби и морски плодови.

Норвешкиот истражувачки брод Г.О. Сарс пристигнал на локацијата и го испратил AEgir 6000, подводно беспилотно летало, за да ја анализира подморницата и да ги направи морничавите снимки од руината.

Сподели на Facebook
пати видено