Мачката Дејзи е прилично убава дама, со луксузно сиво крзно кое со задоволство би го мазеле цела вечер.

Сепак засолништето за мачки „The Mini Kitty Commune“ од Сиднеј, Австралија има потешкотии да ја вдоми оваа мачка. Причината се гледа веднаш на нејзиното лице.

Би сакале на некој начин да заобиколуваме, но нема, толку е очигледно, Дејзи има машки полов орган на нејзиното лице почнувајќи од носот па завршувајќи на челото. Ова очигледно било пречка за многу луѓе да го земат мачето во својот дом.

За среќа објавата станала толку вирална што луѓе од целиот свет дознале за Дејзи и сметаат дека не е фер да ја дискриминираат поради изгледот со кој е родена. Од засолништето сега планираат да го изберат идеалниот сопственик за Дејзи.

Сподели на Facebook
пати видено