Славниот фудбалер Дејвид Бекам ја покажа својата тага додека им носеше радост на деца од Свазиленд инфицирани со ХИВ вирусот. Сликите го прикажуваат некогашниот британски капитен како се смее и шегува со деца во заедницата Макхеву во јужноафриканската држава. Четириесет и едногодишниот фудбалер вели дека со оглед на тоа што и тој самиот е татко неговата посета на овие ранливи деца ја направило уште поболна.

bk01

Носејќи црна маичка со бел натпис „Уницеф“ на предната страна, тој издвоил време да позборува со селаните. Тој изјавил: „Н многу од децата кои ги сретнав, од коишто некои се на возраст како и моите деца, сидата им одзела еден или двајцата родители, а и тие самите сега живеат со ХИВ. Како татко на четири деца, беше тешко да се слушаат такви приказни, за предизвиците со кои секојдневно се соочуваат, кои сега се уште полоши со поразителната суша.“

bk02

Бекам и неговата жена Викторија Бекам, поранешна пејачка во групата Спајс Грлс, имаат четири деца: синовите Бруклин (17), Ромео (13) и Круз (11) и четиригодишната ќерка Харпер. За да ги одбележи десетте години како амбасадор на организацијата, поранешниот фудбалер основал своја фондација, сакајќи да помогне во изградба на побезбеден свет за децата.

bk03

„Се чувствувам многу горд што сум во Свазиленд и можам да видам дека средствата собрани преку фондацијата 7 Фанд им помага на децата заразени со ХИВ и сида.“

bk04

За време на неговата посета во Свазиленд, кадешто заразата со ХИВ е со највисока стапка во светот, Бекам се сретнал со мајките и децата кои живеат со оваа болест, во најсиромашните делови на регионите Лубомбо и Шиселвени.

Сподели на Facebook
пати видено