На час по Биологија учителката прашува:
– Деца, ако некој од вас има близок, кој може да имитира некое животно нека се јави!
Зоки Поки веднаш кренал рака:
– Госпоѓо, мојот дедо може да имитира волк.
– Одлично Зоки! И така – следниот час ќе учиме за волкот.
Зоки дошол заедно со дедо му и на крајот на лекцијата учителката рекла:
– А сега дедо му на Зоки ќе ни покаже како вие волкот.
Чекале сите да го слушнат, а дедото дури не ни сфатил што се бара од него. Учителката го замолила повторно, но повторно тишина.
Тогаш се вмешал Зоки:
– Госпоѓо, вие погрешно му ја задавате задачата на дедо ми.
– Дедо, можеш ли да ја средиш оваа?
– Аууууууу!

Сподели на Facebook
пати видено