Деновиве се изнаслушавме 300 глупости за човекот кој е најзаслужен за тоа што денес имаме држава, а ги слушнавме од усти на луѓе кои не се достојни ни името да му го споменат, а камо ли да кажуваат што бил и како се чувствувал. Замислете што ќе се случи денес некој во Егејска или во Пиринска Македонија да каже дека се чувствува како Македонец и дали некој ќе го запише или признае тоа? Времето во кое Гоце се борел за Македонија било 100 пати потешко од денешното.

Една порака до политичарите: Немој ни случајно да сте се осмелиле да се правите историчари! Наместо да плаќате фолк пејачки за советници, платете ги историчарите, оние што цел живот го посветиле на ликот и делото на НАШИТЕ херои!

Сподели на Facebook
пати видено