Градинка го Кина приреди „едукативен перформанс“ за да им посака добредојде, на децата, а и родителите. Но, поголем дел од родителите биле изреволтирани од настапот. Лаи Ронг, директорот на градинката во официјалното извинување навел дека само се обидувале да ја „кренат атмосферата“ во текот на првиот ден од школувањето.
Родителите и децата на возраст од 3 до 6 години останале збунети кога на бината се појавила девојка која почнала да игра на шипка. Девојката во високи потпетици и шорц, може да се види како провокативно танцува на шипката. Многу родители изјавиле дека ќе ги отпишат децата од градинката, а исто така сметаат дека директорот треба да си поднесе оставка.

