Одвраќање. Повеќето родители го мразат тоа и не сакаат да слушнат зборови како „зошто“, или „не сега“. Но, што ако одвраќањето е добро за развојот на детето? Експертите се согласуваат дека тоа е здраво за децата. Психологот Кели М. Фланаган објаснува дека „неспособноста да се каже `не` – неспособноста да се постават лични граници – е една од најчестите, но најприкриени причини за страдањето на луѓето“. Психологот Џозеф П. Ален, кој го предводел истражувањето спроведено од Универзитетот на Вирџинија, вели: „Им велиме на родителите на тие расправии да не гледаат како на непријатност, туку како на критичен тренинг.“

Децата возвраќаат кога сакаат да се здобијат со малку контрола врз нивните животи. Преговарањето е клучна вештина со која возрасните мора да се здобијат и децата тоа едноставно го вежбаат со нивните родители. Многу е подобро тоа да го прават преку расправија со родителот отколку да следат некој постар или врсник во неволја.

ml01

Како одвраќаат

Обрнете внимание на тоа како одвраќаат. Сите ние сакаме нашите деца да можат да заземат став и да го изберат патот кој е најдобар за нив. Но, во ова клучна улога игра тоа да се научат на почит. Не се работи за тоа дали одвраќаат на вашиот авторитет. Тие се деца, тоа им е работа. Вашиот авторитет се состои во тоа да определите како ќе овраќаат и како вие ќе реагирате на тоа. Дали вашите деца ги учите да ве предизвикуваат со почит? Дали поставувате очекувања (и позитивни примери) за соодветна комуникација? Дали им помагате да разберат и да преземат одговорност за последиците на нивните постапки?

Способноста на вашите деца за зрело постапување во ризични или непријатни ситуации се подобрува кога ги учите на самоконтрола, почит, достоинство и смиреност.

ml02

Кој има контрола?

Кога децата одвраќаат, без разлика на возраста, ние како родители се чувствуваме несигурни за нашата компетентност како родители. Повеќето родители сакаат да имаат цврста контрола во односот родител-дете.Тие сакаат детето да одговара кога нешто ќе биде прашано, веднаш и со љубезност, исто како што тоа го правел родителот додека растел. Краткорочно гледано, животот е полесен кога децата едноставно го прават тоа што им се каже и никогаш не се спротивставуваат.

Но, ова е лажно чувство на контрола и децата не треба само да слушаат наредби и да се покоруваат. Сите тие си имаат свој пат кој треба да го следат и треба самите да откријат кои се и што се. Преку одвраќањето тие само се изразуваат себеси, и тоа е сосема природно. И ние возрасните одвраќаме цело време, само што тоа го нарекуваме преговарање.

ml03

Што е тоа што вашето дете сака да го научи?

Пораката е иста. Тие се независни суштества со сопствени мисли, чувства и идеи. Тие се на свој сопствен пат. И додека навистина е привилегија да ги надгледувате за време на нивното патешествие, нивното патешествие е сепак нивно, а не ваше. За децата да израснат во здрави, независни возрасни личности, тие мораат да вежбаат самите да донесуваат одлуки, и да преговараат за тоа што го сакаат – дури и ако тоа што го сакаат на вас ќе ви звучи апсурдно и безначајно. Бидејќи, не се работи за вас.

Ако сега успеат да се договорат со вас кучето да го хранат во 7:00 наместо во 6:30, тие ќе бидат подобро подготвени да преговараат со нивните професори на факултет, со нивниот директор на работа, како и со нивниот иден брачен партнер. Единствен начин децата да станат успешни е рано да се откријат себеси. Нивните сништа, желби и што е тоа што сакаат да го прават. Важно е да запомните дека вие одгледувате идни возрасни личности, а не некои малечки потчинети кои треба да се покоруваат на сечија заповед.

Сподели на Facebook
пати видено