Новиот учител забележува дека сите деца се собрале околу едно и му викаат „Глупак“. Ги прашува зошто прават така, а децата му објаснуваат.
– Зошто е многу глуп наставниче. Му даваме да одбере од 10 денари и 50 денари, тој ја зема 10 денарката. Еве гледајте.
Му даваат на детето да си одбере која пара сака да ја земе и тоа навистина ја бира 10 денарката. Учителот го прашува:
– Зоки, ти си трето одделение, не ли знаеш дека 50 е повеќе од 10?
– Знам наставниче.
– Е па зошто тогаш ја одбираш 10 денарката?
– Затоа што ако ја земам 50-ката, ќе престанат да ми даваат пари.

Сподели на Facebook
пати видено