Во повеќето земји на светот се вози од десната страна, додека во помалку се вози од левата. Зошто е тоа така?

Одговорот се разликува од земја до земја, но главно тоа зависи од историјата. Во феудална Европа, луѓето пешачеле и патувале од левата страна на патот, затоа што повеќето биле деснораки, па така им било полесно да употреба меч или друго оружје ако затреба. Со оглед на тоа дека порано на патиштата демнеле разни опасности, морало да се носи оружје при секое подолго патување. Како резултат на тоа, се создал обичајот на патување од левата страна.

возење

Но, тогаш се случиле две нешта кои повлијаеле овој обичај да се измени. Во Америка почнале да се употребуваат кочии коишто ги влечеле коњи, коишто возачот морал да ги удира со камшик. Бидејќи возачот главно бил деснорак, камшикот го држел во десната рака, па поради тоа му било полесно да се вози од левата страна, за подобро да управува со кочијата и да не удри случајно некој минувач.

Истовремено, во Европа почнало да расте влијанието на Наполеон. Наполеон бил леворак и повеќе му одговарало возењето од десната страна. Затоа донел закон за задолжително возење од денсата страна. Со оглед на тоа дека француската војска во тоа време освоила голем дел од континентална Европа, законот почнал да важи во цела Европа. За разлика од тоа, Велика Британија и понатаму се придржувала на старото правило за возење од левата страна.

Како што со текот на времето Европјаните почнале да ги колонизираат и останатите континетни, така го ширеле и своето правило за возење. Колониите на Велика Британија возеле од левата страна, додека француските и американските колонии од десната страна. Подоцна во повеќето земји во светот се прифатило возењето од десната страна, било за да се усогласат со соседите или од други практични причини. Затоа денес во повеќето земји се вози од десната страна, но постојат и исклучоци.

Сподели на Facebook
пати видено