Скелет на мистериозно морско суштетсво се појавил на плажа во Нов Зеланд, збунувајќи ги локалните жители поради необичниот изглед.

Чудното суштество било пронајдено на плажа во Кентербери и луѓето првично помислиле дека суштеството не е од оваа планета. Што мислите за какво суштество станува збор?

Необичното суштество го пронашле Хана Мари и нејзината мајка додека се шетале по плажата. Тие одлучиле да го однесат суштетсвото кај препаратор, кој им бил пријател, со надеж дека ќе ја расветлат мистеријата. Сепак и тој не знаел за какво суштетсво станува збор, па решил да го постави прашањето на социјалните мрежи.

Голем број на луѓе не знаеле за што станува збор, а неколку предложиле дека мистериозното суштество е можеби некој вид на раја. Сепак тоа се само претпоставки и мистеријата сѐ уште не е расветлена.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено