Според некои прецизни проценки направени со помош на денешната технологија, за време на натпреварите од Светското првенство во 2018 година, Нејмар лежел на тревата во траење од цели 14 минути, „грчејќи“ се од болка и правејќи гримаси. Затоа интернетот го отепа од зафркавање и правење пародии на неговите паѓања.

Организаторите на Оскар треба да размислат за нова категорија „Имитирање на паѓање“. Ѕвездата на бразилскиот тим Неимар се „прослави“ на ова светско првенство по својот талент за глума и дефинитивно симулирањето болка го однесе на едно сосема ново ниво.

Сподели на Facebook
пати видено