Иако научниците доста напреднале во изучувањето на човечкиот мозок (секако сѐ уште има доста неистражени подрачја), повеќето од нас не се многу упатени во тоа. Познавањето на процесите во нашите глави и тоа како може да ни биде од полза во животот. Денес ќе наброиме некои од најважните карактеристики на мозокот.

mo

1. Физичката активност ја подобрува работата на мозокот

Познато е дека постојаната умствена активност ја изострува и подобрува работата на мозокот, но многумина не знаат дека истото тоа важи и за физичката активност. Тоа го покажале бројни научни истражувања. Луѓето кои редовно вежбаат размислуваат побрзо и полесно решаваат сложени логички проблеми. Со годините ова станува особено изразено, и научниците докажале дека личностите кои редовно се занимавале со физичка активност во животот, во староста имаат поостар ум, подобро помење и поретко заболуваат од деменција.

2. Мозокот работи без престанок

Мозокот е орган кој еволуирал постојано да работи и размислува

3. Околината е многу важна

Ако ни годи присуството на луѓето со кои сме опкружени, тогаш подобро ќе учиме и работиме, и обратно. Затоа за децата кои немаат изградено добар однос со учителите или наставниците тоа претставува голем проблем. Истото важи и за работниците на работа кои не се чувствуваат пријатно во близина на нивниот шеф. Мозокот едноставно е програмиран послабо да работи ако се наоѓа во лоша средина.

4. Секој мозок е поинаков

Верувале или не, научниците докажале дека секој мозок е поинаков. Влијанието на генетиката и единствениот начин на образование прави секој мозок да биде умрежен поинаку. Поради тоа, умреженоста на синапсите се менува секој па кога ќе научиме или ќе видиме нешто ново. Модерното образование го игнорира овој факт, терајќи ги децата да учат по исти обрасци и да постигнуваат исти резултати, што не е можно бидејќи едноставно кажано секој е поинаков.

5. Работењето на повеќе задачи истовремено, т.н. мултитаскинг е неефикасен

Изискувањата на нашето работно место често бараат да извршуваме неколку задачи истовремено, но тоа е доста неефикасно бидејќи мозокот тоа едноставно не може да го работи. Мозокот е направен така да може да се сосредоточи на една работа, и од таму доаѓа преполовената продуктивност при мултитаскингот. Затоа во такви ситуации е многу важна организацијата и дисциплината, бидеќи расипувањето на енергијата доведува до полоши резултати. Исто така, на мозокот му годат чести пауцзи од приближно десет минути.

6. Повторувањето е многу важно за помнењето

Најефикасниот начин нешто да научиме или запомниме е повторувањето. Присилувајте се себеси да ги повторувате знаењата и вештините коишто сакате да ги усовршите, бидејќи мозокот така најдобро ќе совлада определена материја. Тоа не важи само за информациите, туку и за извршувањето на определени активности, како поправањето автомобили, фенирањето коса итн. Колку повеќе пати нешто повторуваме, толку подобро мозокот го усвојува тоа. Покрај тоа, мозокот сака постепено да да ги усвојува информациите. Помнењето на повеќе нешта во краток рок нема да доведе до ефикасно помнење.

7. Спиењето поволно влијае врз мозокот

Ненаспиеноста влијае лошо на сите аспекти на функционирањето на мозокот, и го ослабнува вниманието, способноста за помнење и логичко размислување. Од таа причина треба добро да се наспиете пред секоја важна активност. Уште повеќе, научниците докажале дека попладневната дремка одлично влијае на мозокот. Затоа, ако имате можност, дремнете секој ден, макар и по половина час дневно.

8. Мозокот под стрес не може добро да учи и функционира

Стресот делува погубно на мозокот и севкупното здравје. Тоа особено важи за стресот на кој сме изложени во подолг период, на пример стресот на работа или на училиште. Го оштетува помнењето и ја блокира работата на мозокот.

9. Сите сетила се важни за помнењето

Мозокот подобро помни ситуации во кои се вклучени сите сетила. На пример, подобро ќе се сеќавате на филмот ако во киното бил присутен и мирисот на пуканки. Значи, за добро помнење е важно да вклучите и звук, слики, мирис итн.

10. Мозокот подобро помни слики

Мозокот е програмиран подобро да забележува и помни слики отколку текст. Затоа и при презентациите за пренесување ефективна порака најдобро е да се вметнат слики.

11. Машкиот и женскиот мозок се разликуваат

Машкиот и женскиот мозок функционираат различно. На пример, поголема е веројатноста мажите да заболат од шизофренија, додека жените почесто страдаат од депресија. Сиот склоп на чувства поинаку се восприема кај двата пола.

12. Желбата за истражување и учење никогаш не нѐ напушта

Почнувајќи од училиштето па до работното место, сите ние сме натерани да се однесуваме по однапред утврдени правила. Сето тоа ја потиснува нашата љубопитност и можноста за размислување. Но наспроти ограничувањата, луѓето никогаш не ги напушта желбата за истражување и сознавање на нови информации.

Сподели на Facebook
пати видено